Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на „Водовод“

Ученици од четврто одделение од ОУ „Св.Климент Охридски“ од Охрид, го посетија МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид.

Децата се запознаа со работата и основните дејности на претпријатието како што се зафаќање, третман и дистрибуција на вода.

Од страна на вработени од „Проаква“ им беше објаснет сложениот и долг пат на водата од изворите до потрошувачите преку водоснабдителниот систем.

KL01 KL02 KL03