Одржан фестивалот на цивилизации и култури во „Јахја Кемал“

По јубилеен петти пат, во колеџот „Јахја Кемал“ се одржа фестивалот на цивилизации и култури. Оваа година тој се поклопи со први април – Денот на шегата. 

Учениците заедно со своите професори ги претставија маските кои ги изработуваа повеќе од еден месец, а можеа да се видат најразлични култури од викинзи, индијанци, римјани, па се до хипици и панкери.

WebOhrid