ОУ „Живко Чинго“ се вклучи во одбележувањето на Денот на шегата

Учениците од одделенска настава при ОУ „Живко Чинго“, Велгошти како и дечињата од градинката која е во рамки на училиштето денес се вклучија во одбележувањето на 1-ви април- Денот на шегата.

„Маскирани во маски повеќето изработени на часовите на ликовно образование во соработка со родителите, децата продефилираа во училишниот двор и низ центарот на селото. Насмеани и ведри како пеперутки и пчелки беа вистински украс на природата.“- велат од училиштето.

WebOhrid