Во Струга се одржува Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016

Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016, во организација на здружението Пријатели на образованието, се одржува од 1 до 3 април 2016 година, во Струга. Конференцијата е наменета за наставници и студенти – идни наставници, со цел да им помогне во развивањето и подобрувањето на организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини.

На Едуконференцијата за наставници и информатичари 2016 ќе се презентираат примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни. Ќе се дискутира на многу теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесници ќе имаат можност да следат предавања на експертите од земјата и странство, кои се истакнати и афирмирани во педагошките и информатичките сфери.

Првиот ден помина во конструктивна и позитивна атмосфера, со многу активности. Учесниците ги претставија своите презентации на постер и за идејна мобилна апликација во современата настава.(прогласувањето на победниците по вечерата).

На конференијата свои обраќања имаа Сара Барние Лерој од Институтот за човекови права и мир, Каен, Франција, а Марија Тереса Берганди од Италија имаше свое претставување за нејзините искуства со образовен софтвер со отворен код и интернетот.

Тамара Ресавска зборуваше за Отворените образовни ресурси и нивното користење, а беа доделени и сертификатите на Нај ООР наставниците за 2015 година (Роза Китрозоска и Тања Метикош).

За денес е предвидена богата програма со голем број активности.