Сала со шалтери за 36 услуги од 11 институции до крајот на годинава

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) до крајот на годинава планира да воспостави единствена точка за услуги првично од 11 институции.

За сала за јавни услуги во просториите на Управата за матична евиденција е добиен простор за 15-ина шалтери за кои веќе е направено идејно решение.

„Во следните шест месеци ќе се направи изведбено решение за подготовка на овие 15 шалтери да примаат шалтери од 11 институции кои ќе можат да ги даваат своите услуги на едно место. Засега со оглед на системите на институциите предложени се над 36 услуги“, информира денеска Розалинда Стојова, раководител на одделение за ИТ сатнадради во МИОА на Правата годишна конференција за е-Влада.

По отворањето на салата за јавни услуги МИОА планира формирање центар за јавни услуги каде што, како што рече Стојова, граѓанинот нема да се обрати на шалтерите на ПИОМ, на ФЗОМ, на УЈП,… туку на кој било шалтер и ќе ја добие која било услуга.

Според министерката за информатичко општетсво и амдинистрација Марта Арсовска Томовска, со завршените и проектите во фаза на реализација целта на МИОА е да им овозможи на граѓаните на едно место, било физички, било виртуелно, целосно да ја добијат услугата која ја побарале.

Изградбата на националниот портал, која очекуваме да започне по завршување на ИПА процедурата, ќе ги обедини Рамката за интероперабилност и поркетите за равзој на платформата за интероперабилност, каталозите за услуги и е-услуги и многу други. Во време кога за постојните е-услуги е потребна размена на податоци со други институции, а не само интерните податоци кои ги поседува институцијата, кога за наплаќање на услугите треба да се вклучат и финансиските тела, доаѓаме до момент кога размената на податоци треба да ја содржи најважната димензија – квалитетот. За таа цел се развија и стандардите за квалитет на податоци“, рече Арсовска-Томовска.

Според презентираното на конференцијата, со закон за доверливи услуги со чија подготовка работни групи ја хармонизираат оваа област со европското законодавство, се додаваат и компонентите електронски жиг и електронска препорачана испорака, покрај постоечките електронски потпис, електронски временски печат и автентикација.

Во тек е подготовка и на Каталогот на е-услуги со цел да се добие информација кои електронски услуги се веќе развиени, кои треба да бидат интегрирани и да се направи нивна приоретизација. Досега 44 институции одговориле дека даваат барем една е- услуга и веќе има базични информации за 176 такви услуги, 27 институции се изјасниле дека не даваат е-услуги, а се уште се чека одговор од 44.

Се работи и на развој на Каталог на услуги со податоци за услуги согласно законски пропишана норма. Во оваа фаза се внесуваат податоци за услуги само од 26 закони, а во втората фаза ќе има зголемување.

Првата Конференција за е-Влада е продолжение на одржаните три средби на ИТ кадарот од институците. Целта е информирање и споделување детални податоци на развиени и ставени во употреба системи и размена на позитивни и негативни искуства.