30-та седница на Економско-социјалниот совет

Денеска се одржа 30-та седница на Економско-социјалниот совет со која претседаваше претседателот на ЕСС и министер за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

На дневен ред на 30-та седница на ЕСС беа повеќе точки: разгледување и усвојување на Нацрт-трипартитниот акциски план за унапредување на колективното договарање согласно со разговорите на трипартитната работилница, одржана во Скопје на 22 септември 2015; разгледување и усвојување на Нацрт-верзијата на Предлог програмата за работа на Економско – социјалниот совет за 2016 година; разгледување и усвојување на Комуникациската стратегија и план на ЕСС; утврдување на минималната плата во бруто износ за 2016 година, како и предлагање на единици на локална самоуправа за формирање на ЛЕЕС-ови.
Присутните членови на Советот ги разгледаа наведените материјали, со конкретни заклучоци кои се во насока на целосна и успешна реализација на утврдените активности во рамките на истите, како што е обезбедување на поголема видливост на Економско социјалниот совет, унаредување на колективното договарање, развој на социјалниот дијалог на локално ниво, утврдување на активности за работа на Советот, и сл.

Седницата на Економско-социјланиот совет се одржува после подолг период на пауза, односно последната 29 седница на ЕСС беше одржана на 27.7.2015 година.