Стратешка определба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се квалитетни, ефикасни и брзи услуги за осигурениците, здравствените работници и компаниите. За таа цел, Фондот услугите ги направи достапни и по елетронкси пат, со што сите осигуреници, компании и здравствените работници можат да ги добијат бараните услуги во време кое најмногу им одговара од својот дом, односно од своето работно место.
Од воведувањето на електронските услуги, 6753 осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право. Во прилог подолу табела со најкористени електронски услуги на Фондот.
„Најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала, која 5074 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат. Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали истиот е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобвки од електронските услуги.
Би сакале во оваа прилика да ги охрабриме осигурениците и компаниите и здравствените работници да ги користат електронските услуги на Фондот. За поедноставно и точно информирање кои се потребните чекори и како да се користи електронската услуга, Фондот изготви видео туторијали, кои се краток и едноставен водич како чекор по чекор за начинот како да се користат електронските услуги на Фондот.“- велат од ФЗОМ.
Видео туторијалите се објавени на веб страницата на Фондот на следниов линк: http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=03745AB41443004A8EAB9A0105914B95
Или на линкот на Фондот на you tube:
https://www.youtube.com/channel/UCXc5Hr1czS6RKf8-4CDFRVA
Фондот продолжува да работи на остварување на целта, е-Фонд, со цел осигурениците, овластените лица од компаниите, здравствените работници да добиваат ефикасна, навремена и професионална услуга кога истата им е потребна.