Во четврток свечено ќе биде отворен „Саемот на Науки и Култури“ во Јахја Кемал

Во организација на Приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“, Струга, во четврток (14-ти април), со почеток во 9:30 часот ќе биде отворен „Саем на Науки и Култури“.

На саемот ќе бидат претставени научни и културни проекти изработени од учениците.  На оваа презентација ќе бидат изложени интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, англиски јазик, македонски јазик, албански јазик, турски јазик, историја и географија.

WebOhrid