Во Скопје одржан вториот куп во гаѓање со воздушно оружје

Викендов на стрелиштето во гимназијата „Раде Јовчески Корчагин“ во Скопје се одржа вториот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кое учестуваа околу 50-тина стрелци од повеќе клубови во државава.

Мартина Петровска се пласира на вицешампионската позиција во јуниорска категорија, со значително послаб резултат (393,3 круга) од првопласираната Ана Иваноска од СК „Рек“, на која ова и е личен рекорд со извонредни 407,5 кругови.

„Нашата јуниорка не можеше да го издржи притисокот да ја одбрани шампионската титула со која се закити еден месец претходно, па следеше ваков пад на резултатот. Затоа пак младата јуниорка Мартина Кочовска повторно ни приреди ново изненадување, пласирајќи се на третата позиција со резултат од 376,3 круга. На четвртата позиција се пласира Јана Маркоска со резултатод 372,5 круга, додека пак Стефани Евтимовска заврши петтопласирана со резултат од 371,7 кругови.“– велат од СК Охрид.

Кај јуниорите Васко Попоски заврши како второпласиран со резултат од 549,1 кругови.

Следуваат државните првенства и во национална и меѓународна програма, што се закажани за наредниот месец, а јуниорите ги очекува и настап на меѓународниот Турнир, што традиционално се одржува во Сандански.

12966380_10209749418991424_1412067534_n (1) 12957361_10209749268267656_112018930_n