Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на 15ти април (петок), екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци.
Третирањето ќе биде од земја во период од 06 до 08 часот.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Студенчишко блато, месноста Даљан и потегот од Андон Дуков до Подмоље.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.