На 13ти април во периодот од 11.00 до 14.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во станот сопственост на С.Т. (53) од Охрид, а со живеалиште во Ресен на ул. „Корчуланска“.
Сторителот насилно влегол внатре, извршил претурање и одзел разновиден златен накит по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.