Отворен Саемот на наука и култура во „Јахја Кемал“

Во организација на Приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“, Струга, денес беше отворен „Саемот на Наукa и Културa“. 

На саемот, освен учениците од „Јахја Кемал“ учествуваа и ученици од основните училишта од Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Битола и Кичево, кои претставија научни и културни проекти.

„Денес ќе ги посетите штандовите кои нашите ученици ги имаат организирано за вас, се надевам дека убаво ќе си поминувате.“– рече во својот говор директорот на „Јахја Кемал“, Исмаил Ердил.

Бројните посетители на саемот имаа можност да видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, историја, географија, англиски, македонски, албански и турски јазик.

WebOhrid