Ученици од ОУ „Живко Чинго“, село Велгошти – Охрид, заедно со директорот Ѓоко Чингоски и наставниците од ова училиште денес присуствуваа на Саемот за наука и култура кој се одржа во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга.
Училиштето „Живко Чинго“ присуствуваше со штанд, каде беа претставени активностите на учениците преку разни експерименти и прикази од областа на математиката, македонски, англиски и германски јазик, географијата, биологијата, физиката, хемијата, информатиката, техничкото, ликовното, граѓанското и музичкото образование.
WebOhrid