Пронајдена дрога кај стружанец

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „ недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Б. (34) од Струга.

На 09-ти март оваа година, при претрес во домот на пријавениот, сокриена во тегла, пронајдена е помала количина тревкаста материја запакована во хартиена опаковка како и еден куршум долго зрно калибар 7,62 милиметри од непознато потекло.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Од добиените анализи, утврдено е дека растителниот материјал од теглата со нето маса од 5,27 грама претставува марихуана, растителниот материјал од хартиеното пакување со нето маса од 0,20 грама претставува мешавина на тутун и марихуана, додека пронајдениот куршум со калибар 7,62 х39 милиметри е од кинеско производство, произведен во 1964 година.

Пријавениот е лице познато на службата против кого и досега, по слични основи биле поднесувани кривични пријави.