Асфалтиран крак од улицата „Димитар Влахов“

Како дел од Годишната програма на Секторот за комунални дејности, Општина Охрид реализира проект за асфалтирање на крак од улицата „Димитар Влахов“ во строгиот центар на Охрид.

Асфалтиран е просторот позади црвените кули односно кај полициските згради. Оваа јавна површина години наназад беше во катастрофална состојба со прекопи и дупки, а поради огромните оштетувања на асфалтот жителите во тој дел од Охрид во зима минуваа низ кал, а во лето низ прав. Вкупната површина на асфалтираниот простор е околу 320 метри квадратни.

Вредноста на проектот изнесува 450 000 денари.

dimitar_vlahov_2016_400 dimitar_vlahov_2016_4001 dimitar_vlahov_2016_4002