МВР: Протестите да бидат мирни, да не се напаѓаат полицајците

Министерството за внатрешни работи апелира да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат.

„Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен. Да не се напаѓа полицијата затоа што таа е тука да ја чува безбедноста и стабилноста.“- велат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар на нивната безбедност.