Директорот на ОУ „Братство – Единство“, Охрид, Муамер Доко, заедно со наставниците од училиштето Емилија Паункоска, Бурим Хидри и Ајнет Пашо, како и ученици од училиштето, деновиве се во посета на Република Турција, односно во градовите Текирдаг и Черкезкој.
Тие, со 18 ученици од трите националности, со мултиетничко оро ќе присуствуваат на Детскиот фестивал кој ќе се одржи на 23ти април (сабота), со што ќе го претстават училиштето, градот Охрид и нашата држава.
Во рамки на посетата, по повод 23ти април, а на покана на градоначалникот на општина Черкезој, ќе остварат средби со градоначалникот и заменик градоначалникот, претседателот на Советот на општина, претседателот на Секоторот за образование, директори на училишта и претседателот на Организациониот одбор на фестивалот. Покрај овие средби, делегацијата ќе посети училишта и културно историски споменици.
Исто така, по повод 23ти април – Денот на турското дете, утре(22ри април), во 16:30 часот, во централната зграда на ОУ „Братство- Единство“, Охрид ќе се одржи свечена програма со мултиетничко оро подготвена од турските паралелки од училиштето.
WebOhrid