Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во с. Белчишта, Општина Дебрца, каде што се одвиваат градежни активности околу Реконструкција и санација на фудбалското игралиште за голем фудбал.
„До овој момент изведена е дренажата по должината на фудбалското игралиште за одводнување, изградени се кабини за резервните играчи, а во моментов се работи на дооградувавање на игралиштето со заштитна жичана мрежа, со што градежните активности се одвиваат според предвидената динамика. Во наредниот период ќе се отпочне со санација и реконструкција на објектот за соблекувални и простории за судии и делагати.“– велат од Локалната самоуправа.
Градоначалникот Трајкоски изрази надеж дека спортските клубови ќе го користат теренот и дека на фудбалското игралиште ќе тренираат млади таленти кои еден ден достојно ќе ја претставуваат Македонија.
За реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште, обезбедени се средстава од буџетот на Општина Дебрца со износ од 1.665.000 денари без пресметан ДДВ.