Утре бдение по повод празникот Цветници

Од Дебарско – кичевската епархија информираат дека утре по повод празникот Цветници ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 17 часот.

Во понеделник, на Велики Понеделник ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7:00 часот. Истиот ден, со почеток во 17:00 ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско.

WebOhrid