Хуманитарен натпревар Компас 2016 „Истражи го Охрид“

Црвен крст Охрид, во соработка со Извидничкиот одред Пионер од Охрид и во партнерство со основните училишта од Охрид, годинава повторно ќе го организира хуманитарниот натпревар КОМПАС 2016, за ориентација во урбана средина, под мотото ИСТРАЖИ ГО ОХРИД. Настанот ќе се одржи денес со почеток во 9 часот на Градски Плоштад „Св.Климент Охридски“. Хуманитарниот натпревар Компас 2016 е во организација на волонтерите на Црвен крст Охрид вклучени во програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности), во која околу 30 обучени волонтери на возраст помеѓу 13 до 17 години изработуваат мали проекти од големо значење за заедницата со цел да го подобрат квалитетот на живеење на одредени ранливи категории на граѓани.

Учесниците на натпреварот организирани во екипи ќе имаат за цел преку загатки да откријат локација, да ја пронајдат истата и таму да добијат нова загатка за истражување на нова локација. На овој начин, младите ги јакнат вештините за ориентација во просторот, тимската работа, снаодливоста и брзината, го запознаваат градот, а пред се ги негуваат хуманите вредности.

Натпревар има хуманитарен карактер и секој учесник донира симболична сума од 50 денари, а собраните средства ќе се искористат за потребите на целните групи од ПХВ проектите.

По завршување на настанот, околу 12 ч., од страна на организаторот, ќе бидат доделени соодветни признанија и дипломи за учесниците на хуманитарниот натпревар Компас 2016.