Презентација на новото улично осветлување во градот Охрид

Компанијата ИЦС Системи Карлови Вари Чешка Република, утре во Охрид ќе одржи „Презентација на новото улично осветлување во градот Охрид“, со почеток во 10:00 часот.

На настанот ќе се обратат менаџери од компанијата од Чешка, Амбасадорот на Чешка Република во Македонија и радоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

ИЦС Системи во осветлувањето во Охрид инвестира над 3 милиони и 500 илјади евра. Заштедите во потрошената електрична енергија изнесуваат над 50 000 евра месечно, а фирмата планира нови инвестиции во Македонија.

Набавката на потрошен материјал фримата ќе ја врши од македонски компании што е дополнителен стимул за стопанството во земјава.

На настанот ќе присуствуваат бизнисмени и градоначалници од земјава.