Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со Луис Ку, директор на Агенцијата за интернационални вложувања од Далијан, Народна Република Кина.
На средбата гостинот од Далијан изрази силен интерес за вложување во Охрид, во областа на туризмот и прехранбената индустрија. Градоначалникот Бакрачески го запозна кинескиот претставник со актуелните планови на Општина Охрид во однос на урбанистичките решенија за одредени крајбрежни зони и визијата за нивно уредување и можноста за инвестиции.
Се очекува директорот Ку во среда да оствари средба и со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.