Светски ден на борба против маларија

На 25-ти Април – Светскиот ден на борба против маларија, Светската Здравствена Организација (СЗО) ја повикува глобалната здравствена заедница итно да ги решава значителните празнини во превенцијата, дијагнозата и лекувањето на маларијата. И покрај драстичниот пад на случаите на маларија и смртните случаи од 2000 година наваму, од оваа болест сеуште има повеќе од половина милион жртви секоја година.

СЗО препорачува дијагностичко тестирање за сите сомнителни случаи на маларија да се осигура дека лековите против маларија се користат само за оние кои ја имаат таа болест. Најмалку три четвртини од смртните случаи од маларијата се јавуваат кај деца под 5 годишна возраст.

СЗО има развиено нова глобална стратегија за маларија за периодот 2016-2030, која поставува цел за намалување на товарот на болеста од 40% до 2020 година, и од најмалку 90% до 2030 година. Стратегијата обезбедува сеопфатна рамка за земјите да развијат прилагодени програми кои ќе овозможат да се забрза напредокот кон елиминација на маларијата.

 WebOhrid