Велигденска продажна акција во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани

Во среда, во 11:00 часот ќе се одржи традиционална Велигденска продажна акција во дворот на Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани. 

Во 12:00 часот ќе биде отворена Медиотека во училиштето во Пештани финансирана од USAID преку Мировниот корпус во Македонија.

Библиотеката располага со голем фонд на книги од познати автори за учениците и целото население во Пештани, кои се вљубеници во убавиот збор. Во медиотеката е инсталиранa e и интерактивна табла која ќе ја користат учениците од училиштето.