Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во четврток на 28ми април (четврток) ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција).
Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 28 ми април (четврток ) 2016 год. да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.