Со пригодна свеченост, денес градоначалникот Никола Бакрачески, го пушти во употреба новоасфалтираниот крак од улицата „Александар Турунџе“, кој го спојува Велгошти со улицата „15 Корпус“.
„Асфалтирањето на улицата „ Александар Турунџиев“ е дел од годишната програма за работа на секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид, а произлезе како проект од директните средби со претставниците од урбаната заедница „ 15ти Корпус“. Овој инфраструктурен зафат е уште еден реализиран дел од проектот на Локалната самоуправа за асфалтирање на тесни улици и пристапни патишта на територијата на Општина Охрид.Изведувач на градежните активности е градежната фирма „ АС Сењак“ од Кичево,а средствата за негова реализација во целост се обезбедени од буџетот на Општина Охрид“ – истакна градоначалникот Бакрачески.
На улицата „Александар Турунџев“,асфалтирани се вкупно 300 метри должни и нешто над 3 метра во ширина или вкупно површина од околу 1000 метри квадратни. Поставен е висококвалитетен асфалт со дебелина до 7 сантиметри, а вкупната вредност на проектот изнесува 980. 845,оо денари.