Прикрај изградбата на атмосферската канализација во Ботун

Пред сам крај е изградбата на атмосферската канализација за улицата во Ботун, каде Градоначалникот Игор Трајкоски изврши увид на лице место врз градежните активности. Градоначалникот истакна дека, оваа улица, особено при обилни врнежи им причинува проблем на населението, кои минуваат оттука, оттука и потребата од канализирање на атмосферските води. Атмосферската канализација е изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри и истата е дел од проектот за реконструкција на улица во с. Ботун со должина од 1 км.

Во наредниот период согласно динамиката за изведување на градежните работи ќе се продолжи со поставување на улични бетонски елементи, изведба на тротоари поплочени со бехатон плочки и проширување на улицата на одредени места потребни за паркирање. Со овој проект исто така предвидено е крпење на ударните дупки и надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој со д=7см со ширина но коловозот од 3.0-3.5 метри и банкини од 0.75 см.

Реконструкцијата на улицата во с.Ботун е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како мерка 322.2 за Обнова и развој на селата со вкупна вредност од 9.459.950,0 денари со вклучен ДДВ. Изведувач на работите е АД ИЛИНДЕН – Струга.