Како дел од програмата „францускиот како странски јазик” на Меѓународната организација на Франкофонијата, Центарот за јазици на Универзитетот во Женева и Регионалниот франкофонски центар за Централна и Источна Европа (CREFECO) организираат семинар за јазично усовршување за наставници на почетокот на нивната кариера од Албанија, Ерменија, Бугарија, Република Македонија, Молдавија, Романија.
Семинарот на тема „Дидактички методи за усно изразување” ќе се одржи од 15-26 август 2016 година во Женева, Швајцарија.
Програмата на семинарот, дополнителни информации и пријавување на сајтот на CREFECO: http://crefeco.org/display.php?fr/Formulaire
Краен рок за пријавување е 12 мај 2016 година.