Лишен од слобода жител на струшко Ливада кој нарушил јавен ред и мир во казино во Охрид

Рано утрово, СВР Охрид го приведе и од слобода го лиши Б.Д. (35) од струшкото село Ливада. Неговото приведување е извршено во Струга поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казненото дело тешка телесна повреда. Приведениот Б.Д. е учесник во нарушувањето на јавниот ред и мир случено во 01 часот и 30 минути во казино „Адмирал“на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој употребил нож со кој го повредил Н.М. (34) во пределот на градниот кош а на Е.М. (35) му нанел два убоди во пределот на слабината и грбот. Веднаш по нападот, сега приведениот избегал со патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски таблици додека двете повредени лица со возило од Брза помош се пренесени во охридската Општа болница каде се задржани за понатамошно лекување.

Нарушувањето на јавниот ред и мир во казиното „Адмирал“ се случи во 01 часот и 30 минути кога сега приведениот, физички го нападнал Р.М. (31) од Охрид нанесувајќи му повеќе удари со тупаници во пределот на главата. По кратко време, во казиното пристигнале сега повредените Н.М. и и Е.М. кои се вклучиле во нарушувањето, пришто биле тешко повредени со нож.

Денес, по консултации со Јавниот обвинител, СВР Охрид против Б.Д. ќе поднесе соодветна кривична пријава.