Кривична пријава за жител од струшко Велешта кој нелегално градел

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, криминалистичката полиција од полициската станица во Струга, поднесе кривична пријава против Џ.Ж. (49) од струшкото село Велешта.

Пријавениот, без решение за изведување градежни работи кое би содржело одобрена техничка документација, во Струга неовластено започнал со градба на настрешница во функција на деловниот простор во колективна стамбена зграда во Струга. Нелегалната градба ја започнал како инвеститор на катарстарската парцела број 2096/24 КО Струга, на улицата „Владо Малески“.

По извршен увид на 17ти март оваа година, градежен инспектор на Општина Струга составил записник и донесел решение за отстранување на градбата – настрешница на деловниот објект.