На 7ми мај урнебесната комедија „Аудиција“ пред охриѓани

НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид во соработка со Театар – „СОЛЗА И СМЕА” од Битола, на 7ми мај (сабота), пред охриѓани ќе ја изведе урнебесната комедија „Аудиција“, со почеток во 20:00 часот. Влез ќе чини 120 денари.

Претставата „Аудиција“ е еден вид на комично шоу кое е работено според идејата на Сараевската Аудиција која беше мега-популарна на овие простори. Работена е на принцип на импровизација на актерот и притоа нема дефиниран драмски текст, а се работи за осум интересни типизирани ликови кои се пријавуваат на аудиција, за да станат новите лица на „Солза и Смеа“.

Низ многу хумор и интересни излагања на секој од кандидатите, каде секој раскажува по нешто за себе, комисијата на крајот одлучува да ја прекине аудицијата на неодредено, со што на еден начин сите се победници.

ohrid