Дводневен семинар во Охрид „Обука за контрола на возилата на сообраќајот“

„Обука за контрола на возилата на сообраќајот“ е темата на дводневниот семинар што денес и утре ќе се одржи во одмаралиштето на МВР во Охрид. Во рамките на обуката ќе бидат изведени низа теми за правилен избор на места за контрола на брзината на движење на возилата, контрола со полициски возила, користење на технички средства, користење на таканаречени пресретнувачи како и други точки од работењето на сообраќајната полиција. Денес во 13 часот на паркинг просторот кај „Горица“ ќе биде изведена вежба за принудно запирање на возила со таканаречени „ежеви“.

Целта на оваа дводневна обука е натамошна професионализација на полициските службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и усовршување при преземањето на полициските овластувања на терен.