Руската ФСБ спречи терористички напади во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси група од Централна Азија под сомнение дека планирале терористички напади во Москва.

„По спроведената истрага, ФСБ уапси државјани на земји од Централна Азија, кои планираа да извршат терористички напади во московскиот регион за време на празниците, а по налог на лидери од терористички организации активни на териториите на Сирија и Турција.“ – соопштуваат од ФСБ.