Mагистерски студии за светско културно наследство и проекти за културен развој, на Универзитетот во Торино

Универзитетот во Торино, Италија и Меѓународниот центар за обука на Меѓународната организација на трудот, во соработка со УНЕСКО и ИККРОМ организираат последипломски – магистерски студии за светското културно наследство на УНЕСКО и проекти за културен развој.

Студиската програма опфаќа повеќе предмети кои ги валоризираат вредностите на културните и природните локалитети, а вклучува и истражувања за економските, социјалните, институционалните и правните начела по кои се води УНЕСКО при заштита на овие локалитети.

Програмата става акцент и на стратешкиот менаџмент и надлежностите за зачувување и промоција на локалитетите, како и за следење на ефикасноста и соодветноста на примената на менаџмент плановите и придружните проекти од областа на културата.

Магистерските студии опфаќаат три образовни циклуси и ќе се одржат во периодот од 17.10.2016 до 13.10.2017 година.

Крајниот рок за пријавување е 30.06.2016 година.

Сите подетални информации за програмата за последипломските – магистерски студии, како и за начинот на пријавување се достапни на следниот линк: http://www.itcilo.org/new_masters/master-in-world-heritage-and-cultural-projects-for-development