Соопштение за кандидатите за полагање ловечки испит на 11 мај 2016 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека на ден 11.05.2016 година (среда), согласно Законот за ловство – член 58 и 58-з закажа полагање на ловечки испит.

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО” ул. Христо Смирненски” бр.30, Скопје (позади Универзална Сала).

На ловечкиот испит ќе бидат повикани 90 кандидати од Кратово, Струга, Кичево, Македонски Брод и Виница.
Списокот со кандидатите за полагање на ловечкиот испит за 11.05.2016 (среда) година е објавен на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk/

Право за полагање имаат само кандидатите кои се објавени на списоците на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Списоците со кандидати за полагање се во додатоците за преземање.

Кандидатите задолжително со себе да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош).
Додаток за преземање:

1 Извештај_за_пријавени_кандидати_20160503-1405.pdf
2 Извештај_за_пријавени_кандидати_20160503-1405 (1).pdf
3 Извештај_за_пријавени_кандидати_20160503-1405 (1).pdf

Фото: libertas.mk