Дечињата од „Јасна Ристеска“ во посета на ОУ „Григор Прличев“

Денес дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ во придружба на нивните воспитувачки го посетија училиштето „Григор Прличев“. Во тек е уписот на првачиња за учебната 2016/17 година и дечињата имаа можност да го разгледаат училиштето и да се запознаат со вработените.

„Посетата се одвиваше во периодот кога дел од нашите ученици имаа часови, така што симболично беа запознаени со нивните идни ученички активности. Покрај наставниците кои предаваат во нашето училиште учениците се запознаа со психологот на училиштето, како и наставничката по германски јазик која предава во паралелките по германски јазик во одделенска настава.  Што е посебно за нашето училиште, начинот на кој се изведува наставата, просторната организација итн. внимателно беше објаснето од вработените и дечињата добија првична слика за нашеето основното училиште.“- велат од училиштето.