Во понеделник ќе биде отворена изложба на сликари Роми од Унгарија

Во организација на Општина Охрид и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, на 9ти мај(понеделник), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 14 часот, свечено ќе биде отворена изложба на ликовни уметници Роми од Унгарија.

На изложбата ќе бидат поставени 28 слики од 19 ликовни уметници, а на отворањето се очекува да говорат унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце, Градоначалникот Никола Бакрачески, министерот Неждет Мустафа и директорот на Центарот за култура Горан Стојаноски.