Показна вежба за спасување во планински предел во Елшани

Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, денес изведе показна вежба за спасување во планински предел во село Елшани.

Овој настан беше во координација со акцијата за чистење организиран од Go Green, Грашница, Ајде Македонија, а поддржан од ИМЕ програмата.