Цените на угостителските услуги во април останале на исто ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април
2016 година, во споредба со март 2016 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2016 година, во однос на истиот месец од претходната
година, е зголемен за 0.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2016 година, во однос
на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година остана на
исто ниво.