Положено свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и претставници на Црвен крст Зеволде од Холандија одадоа почит на основоположникот на идејата за движењето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на денешен ден пред 188 години. Затоа и 8ми мај е Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

„Насекаде во светот Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесецина е присутна за секого. Преку глобалната мреза од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и подржувачи цо 190 земји во светот, Црвениот крст / Црвената полумесечина дејствува како сила за позитивна промена за најранливите категории на население во ситуации како што се одговор на потребите во случај на катастрофи и вооружени конфликти, обезбедување на поддршка во урбани центри и тешко достапни подрачја, како и застапување во нивна корист во политичките кругови и владите. Водени од Основните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и го намалуваме страдањето.“- велат од охридскиот Црвен крст.

?

Активностите на Црвен крст Охрид во рамки на Неделата на Црвен крст од 8-15 мај продолжуваат утре во 10:00 часот, кога започнува отворениот инфо ден за најмладите од детските градинки и учениците од основните училишта.

?