Ден на Европа

Стариот континент денеска го празнува 9 Мај – Денот на Европа, кога се одбележува годишнината од историската Декларација на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман, кој на 9 мај 1950 година предложил нов модел на политичка и економска соработка во Европа, односно формирање на Европската заедница за јаглен и челик, која е всушност она што денеска претставува Европската Унија.

Секоја година, институциите на ЕУ го прославуваат овој ден преку организирање широк спектар активности, како патувања, дебати, конференции, културни настани, преку кои се добиваат повеќе информации за Европската Унија и нејзиното функционирање.

Така, во текот на овој месец, европските институции во Брисел и Стразбур ги отвораат своите врати за јавноста, а локалните канцеларии на Европската Унија на другите места низ Европа и светот, меѓу кои и Република Македонија.

Истовремено, 9 Мај е денот кога се слави и победата над фашизмот, што, исто така, ќе биде одбележано со низа настани низ европските земји.