Поддршка од претседателите на Словенија, Хрватска и Црна Гора за што побрза интеграција на Македонија во НАТО

На вториот ден од Форумот „To Be Secure” на Претседателскиот панел „Presidential Discussions: Sharing Security = Sharing Responsibility” претседателите на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ и Република Словенија, Борут Пахор истакнаа дека Република Мaкедонија треба што поскоро да се интегрира во евроатлантските структури. Претседателот Пахор побара политиката на Европа кон Западен Балкан да биде стратегиска, а не техничка. Притоа беше истакнато дека земјите од регионот припаѓаат на Европа, и затоа не треба процесот на нивна интеграција да го именуваме како проширување, туку како консолидирање на Европа. Затоа и двата претседатели ќе преземат конкретни иницијативи во рамките на процесот Брдо-Бриони.

Порака од сите претседатели е дека несебично ја поддржуваат Македонија на својот пат кон НАТО и воедно апелираат до другите земји членки на Алијансата да помогнат за што побрза интеграција на Република Македонија во НАТО.

Министерот Јолевски на маргините од Форумот во Будва во текот на денот оствари средби и со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со Генерал Џон Ален од Брукинг Инситутот во Вашингтон, кој до неодамна беше советник на претседателот Обама за борба против тероризмот, како и со Професор Даниел Сервер од Џон Хопкинс универзитетот. На овие средби беа разменети мислења за глобалните безбедносни ризици и нивното влијание врз регионот и Република Македонија и за потребата од што побрза евроатлантска интеграција на Република Македонија.

????????????????????????????????????