Средба на министерот Спасовски со преставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со преставници на мисијата на Јапонската агенција за меѓународна соработка.

На средбата министерот Спасовски ги посочи предизвиците со кои се соочува Министерството за внатрешни работи во справувањето со мигрантската криза, како и потребата од финансиска поддршка и поддршка во опрема. Претставниците на Јапонската агенција за меѓународна соработка најавија помош за Министерството за внатрешни работи и за општините кои се најпогодени од мигрантската криза.