Градоначалникот Бакрачески на прием кај евроамбасадорот Аиво Орав

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вчера во Скопје беше на прием што го организира Шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, а по повод празнувањата посветени на 9 мај – денот на Европа.

Роденденот на Европската унија – 9 мај годинава во Македонија се одбележа со серија активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани во насока на нивно запознавање за приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата. Македонија е земја кандидат од 2005 година и се уште го очекува датумот за отпочнување на преговори за членство во Унијата.