Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат околу реконструкцијата на Основното училиште во Оровник. Во моментов пред сам крај е првата фаза од реконструкцијата. Во првата фаза од реконструкцијата отстранет е стариот дрвен под, изведена е армирано бетонска меѓукатна конструкција, изработени се нови подови од керамички плочки и ламинат, заменети се сите внатрешни врати, извршена е замена на надворешната дрвена столарија со нова изработена од ПВЦ профили како и реконструкција на санитарните јазли. Вкупната инвестициона вредност на првата фаза за реконструкција изнесува 1.311.500,00 ден.
Градоначалникот Игор Трајкоски истакна дека посебно драги инвестиции му се во образованието. Реновирањето на Oсновното училиште е дел од низата проекти кои ги спроведува Градоначалникот во делот на Образованието, подобрување на воспитно образовните установи и создавање услови за непречено одржување на наставата и децата да имаат квалитетно образование.
Во наредниот период ќе се спроведе втората фаза од реконструкцијата на Основното улилиште во Оровник. Во оваа фаза се предвидува замена на кровот, изработка на фасада, изработка на нови плафони, глетовање и молерисување на внатрешните ѕидови, поставување на нова електрична, водоводна и канализациона инсталација и делумно партерно уредување околу објектот, со што од следната учебна година учениците во подрачното основно училиште во Оровник, наставата ќе ја следат во целосна реновирана училишна зграда.
Реконструкцијата на Училиштето е проект на Општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион кој го спроведуваа проектот за енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион, за кој проект се одобрени средства од Бирото за регионален развој.