Кривична пријава за „Убиство на дете при пораѓање“

СВР Куманово поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово против Т.И.(23) од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“. Пријавената која што веќе била во 7/8 месец од бременоста и за која што бременост не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија. На 29.03.2016 година околу 11,30 часот на граничен премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола пријавената почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа додека била во тоалетот се случило породување, а пријавената го зела бебето и го ставила во корпата за отпадоци. По настанот се вратила во автобусот и продолжиле со патувањето. Откако од персоналот на граничниот премин било откриено телото на новороденчето настанот бил пријавен во СВР Куманово и по интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а пријавената на 30.03.2016 е однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и е укажана лекарска помош. По завршувањето на екскурзијата на 18.04.2016 година на граничен премин таа е приведена од страна на полициски службеник и е однесена на дополнителни медицински вештачења.

Меѓу другото според истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.