Доделени хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик

Општина Охрид во соработка со Црвен Крст – Охрид, денеска доделија 40 пакети со прехранбени и средства за хигиена на семејствата од социјален ризик во Охрид. На чинот на доделувањето на помошта беше заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

Денешниот настан е продолжување на хуманитарната акција што по повод неделата на солидарност и Велигденските празници на крајот од месец април ја организираа општина Охрид и Црвен Крст. Тогаш беа доделени хуманитарни пакети на 76 социјално загрозени семејства.

Humanitarni_paketi_130520164852 (1)