Денес се одиграа финалните натпревари од Училишните игри без граници – Охрид 2015/2016.
Во прекрасен амбиент во училишната спортска сала од ОУ „Григор Прличев“ во присуство на голем број на учесници, посетители и гости завршија овогодинешните игри без граници.
Дваесет и четири екипи од пет основни училишта од Општина Охрид кој што се пласираа во втората фаза на игрите, низ исклучително интересни едукативно- психофизички игри се натпреваруваа во одлична тимска атмосфера при што: третото место и го освои екипата „ТС” од 5-то 3.одд од ОУ „Христо Узунов”, второто место и припадна на екипата „ТРИ ЅВЕЗДИЧКИ” од 8.одд. при ОУ „Живко Чинго” од Велгошти, а додека првото место го освои екипата „СТАРС” од 5-то 5.одд при ОУ „Христо Узунов” од Охрид.
Инаку, игрите започнаа на 1ви Декември 2015година, во организација и реализација на Извидничкиот одред „Пионер“ и до сега учествуваа повеќе од 400 ученици од основните училишта од Охрид.
Преку поддршка на Одделението за образование при Локалната самоуправа овој проект наиде на широка прифатеност и ќе продолжи да се реализира и во следната учебна година.