Овој петок (20 мај) точно напладне на плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид, околу 450 матуранти од четирите средни ушилишта во градов ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ , ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе го играат познатиот квадрил на музика од Штраус.
Матурската парада годинава се одржува по 15-ти пат и од 2001 година до денес на манифестацијата учествувале над 300. 000 матуранти од 100 града во 10 европски држави меѓу кои се Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Романија, Украина.