Подароци за новороденчињата во Охрид кои се родија во текот на Неделата на Црвениот крст

Во рамки на одбележувањето на 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите на Црвен крст Охрид кои под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, ОО на Црвен крст на сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), на Гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид и на нивните мајки им додели пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави, хумани и достоинствени личности.

Оваа активност на Црвен крст Охрид секоја година ќе биде дел од одбележувањето на Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај.

20160511_134244 20160511_134139